Вести Македонија

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице

Пожар избувнал во куќа во Кавадарци во текот на вчерашниот ден, а пронајдено било тело на машко лице, кое, најверојатно, се задушило, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.

Според Регионалниот центар за управување со кризи – Велес, двајца пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле запалена плинска боца во куќа на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.

Пронајдено било машко лице за кое се вели дека најверојатно се задушило.

На местото присутни биле и екипи на Итна медицинска помош, кои констатирале смрт на лицето на возраст од 78 години, појаснуваат од ЦУК.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонската дипломатија полека се празни од амбасадори

Дејан Дејан

Велигденското послание на Архиепископот г.г. Стефан во знак на трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе