Вести Македонија Топ вести

Стабилна состојбата на пациентите кои се лекуваат во Србија и Бугарија

Страотната трагедија во Кочани покажа колку е важно навремено да се консолидира здравствениот систем и колку значи соработката на медицинскиот кадар не само во регионот туку и пошироко. Во моментов стабилна е состојбата на пациентите кои се хоспитализиртани во Србија, велат од тамошниот Универзитетскиот клинички центар.

Би сакала најпрво да ви ги пренесам информациите за децата кои се сместени кај нас, дојдоа 17 деца, четири беа префрлени во Ниш, останатите се добри стабилни, не се на респиратор така што се надеваме на најдоброто. –  вели Мирјана Прибичевиќ, Универзитетски клинички центар Србија.

Она што остана, со мене се две колешки инструментарки, едната е од пластична хирургија, другата е од нашата хируршка сала, тоа се деца на кои веќе им се прави трансплантација на кожата, добри се стабилни и јас се надевам дека за две до три недели поглемиот дел ќе бидат згрижени и вратени дома.  – истакна Ана Тодорова, главна медицинска сестра во болница „Пирогов“ – Софија .

Пациентите се апсолутно подобри. Ние имавме ваша делегација во четвртокот во нашата болница и нештата ќе бидат подобро. – вели Тодорова.

Според податоците на Министерството за здравство во моментов 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба во споредба со претходните денови. Во установите во Скопје се лекуваат 15 пациенти и нивната состојба е стабилна.

Во вакви ситуации се потврди и улогата на медицинските сестри и техничарите со сето она што тие го направија за пациентите кои беа хоспитализирани, вели Фригановиќ, тие  брзо реагираа и за релативно кусо време сите се поврза давајќи им помош на повредените.

Она што ми е драго колку сме сите поврзани во такви ситуации, стоејќи едни покрај други. Сега ние сме со вас, но секогаш може да ни се случи и нам. Важно е да се шири добрина и да бидеме едни покрај други. – вели Адриано Фригановиќ, претседател на Европската организација на медицински сестри

Време е таа суштинска улога која ја имаме во здравствениот систем да биде вреднувана соодветно, вели Бешлиоска. Без оглед што се соочивме со толкав наплив на пациенти во ниту еден миг не се пожаливме на недостиг на медицински сестри и бевме на располагање. – вели Гордана Бешлиоска, претседателка ЗМСТАС

Врз основа на број на жители треба да бидеме медицински сестри 50% повеќе од оваа бројка што сме. Неофицијалните податоци од Институтот за јавно здравје зборуваат дека сме 9200 меѓутоа потребите според нашите стандарди се 14.000 до 15.000 медицински сестри. Тоа е бројка што многу тешко ќе ја достигнеме  – вели  Гордана Бешлиоска, претседателка ЗМСТАС

Според Бешлиоска важно е да се реши статусот на медицинските сестри кои се на договор на дело, да се има јасна стратегија за да не се соочуваме со недостиг на кадар во иднина.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Од ноќеска нови цени на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе