Вести Македонија

Заврши сведочењето на Љупчо Палевски Палчо за убиствата на Вања и Панче

Нелогичен и недокажан е мотивот да биде користољубие за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓрчевска и на Панче Жежовски, изјави денеска првообвинетиот во случајот Љупчо Палевски Палчо пред Кривичниот суд на прашање на обвинителството, дали му било познато дека родителите на девојчето, Зорица и Александар се разведени и доколку биде ликвидирана Зорица, нејзиниот поранешен сопруг нема да наследи ништо. Палевски на минатите рочишта изнесе теорија дека веројатно Зорица била метата, бидејќи обвинетиот Велибор Манев пакн сведочеше дека планот бил да се грабне жена на околу 40 годишна возраст.

  • „Доколку е користољубие ќе имаше засолниште за детето, а не класично убиство и ќе имаше контакт со мајката или таткото за да се направи таа уцена, за да се принуди некој да даде пари. Но, не само што не се случило, туку вие не понудивте доказ на таа многу важна околност. Мотив зошто е сторено делото“ – – Љупчо Палевски Палчо.

А и неговиот адвокат упати критика до обвинителството. Но, не одговори дали како сведок ќе го обезбедат лицето, член на Десна кое Палевски тврди дека го сретнал утрината на 22 ноември кога е убиен Жежовски и со кого разговарал додека го шетал неговото куче во Скопје. Палевски не знаеше како се вика, но знаеше дека бил претепан од полицијата во рамки на истрагата.

  • „Како што тргна постапката така и заврши со прашања на луѓе кои ги теретиш за убиство, малтене да помогнеш на обвинетите. Ако хронолошки тргнеме може да видите дека ДНК на телефонот на Панче Жежовски има од лице кое што не е во постапката, така што има многу пропусти цела постапка без еден доказ за Љупчо Палевски Палчо“ – Јовица Страшевски, адвокат на Палевски.

Адвокатот на другиот обвинет Боре Видевски ќе бара реконструкција на убиствата.

  • „ Постојат најмалку дестина празнини од доказите кои ја налагаат потребата од реконструкција на настанот“ – Бојан Манев, адвокат на Видевски.

Палевски сведочеше и дека бил неколку пати во домот на Манев во Велес но не и вечерта пред убиството на Жежовски. На прашањето зошто не ја носел со себе медицинската документација кога по убиствата заминал за Белград, па за Беликесир, тој одговори дека имал две цедиња со него од магнетна резонанца од кичмата, кои обвинителството ги украло кога бил екстрадиран. Но, Палевски немал закажано ниту термин за магнетна резонанца, ниту кажа во кој болница планирал да го прави прегледот. Палевски уште еднаш порача дека обвинението против него е резултат на политички прогон.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе