Вести Македонија Топ вести

Уставниот суд е најнереформирана институција – потребни појасни критериуми за избор на уставни судии

Уставниот суд е најнереформирана институција, дали е потребен закон за Уставниот суд и кој се треба да биде уставен судија. Овие дилеми се наметнаа на денешната конференција. Мислењата на фелата се поделени, претседателот на судот Костадиновски смета дека е потребен  уставен закон но и потранспарентен избор на уставните судии.

Според претседателката на државата Сиљановска Давкова потребен е радикален пристап за темелна реформа на уставното судство. И таа смета дека е  потребно конкретизирање на терминот истакнат правник и потребни појасни критериуми за избор на уставни судии.

Амбасадорката на САД Агелер посочи дека транспарентноста е многу важна, а судиите ги потсети и на заклетвата.

  • Ве молам, искористете го овој момент, ве молам запаметете за кого работите и зошто сте поставени тука и ве молам, за тие кои сте судии, запаметете и потсетете се на заклетвата што ја дадовте, а за сите судии и обвинители насекаде во судството посакувам да ја гледате оваа постапка. Законите во оваа држава колку и да се комплицирани мора и може да работат во полза на граѓаните. Како партнери и пријатели САД ја поддржуваат работата на судството со цел да се обезбеди правдата да остане пристапна, непристрасна и вкоренета во уставните вредности Анџела Агелер, амбасадорка на САД.

ЕУ амабасодорт Рокас пак посочи дека  ЕУ ја поддржува земјава да изгради силни, независни и кредибилни институции.

  • Зајакнувањето на Уставот не е само формално барање за членство во ЕУ, тоа е стратешка инвестиција во фер пристапот, во владеењето на правото, нешто што им е потребно на граѓаните. Тоа е реформа во која Уставниот суд исто така треба да одигра многу важна улога- Михалис Рокас, ЕУ амбасадор.

Во која насока треба да се менува институцијата која го штити Уставот своите ставови ги кажаа уставни судии универзитетски професори по уставно право  а беше презентирана и студија изработена со помош на ЕУ проект.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе