Вести Македонија Топ вести

Определен е осумдневен притвор за хирургот од Битола за земање поткуп

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска  со став 3 и став 2 од Кривичниот законик.

  • Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа. Синот следниот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите, соопшти битолското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Телма вчера информираше дека 64-годишниот битолски хирург, М.С. е уапсен откако примил поткуп по операција што ја извршил врз жолчно ќесе на пациентка во Клиниката болница во Битола. Тој побарал 150 евра индиректно, преку друго лице и тоа од синот на пациентка, за да се почести за извршената работа.

Побарал 150 евра да се почести – уапсен хирург по примање поткуп за операција во Клиничката болница во Битола

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне наместа нестабилно – Временска прогноза за 22.4.2025

Дејан Дејан

Почина Папата Франциск на 88-годишна возраст

Дејан Дејан

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе