Вести Свет Топ вести

„Романскиот Трамп“ во убедливо водство – Георге Симион со двојно повеќе гласови во првиот круг на претседателските избори во Романија

Нов, студен туш, за Брисел од Букурешт. Кандидатот на крајнодесничарската Алијанса за обединување на Романците, Ѓорѓе Симион победи во првиот круг на претседателските избори во Романија со 40 отсто добиени гласови. Но, трката за наследник на Клаус Јоханис ќе има и втор круг, закажан на 18 мај. Во него, според последните податоци на Централната изборна комисија ќе учествува и градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, прогресивно-либерален незавизен политичар кој во последен момент го мина кандидатот на владеачката коалиција, Крин Антонеску.

„Денеска гласаше романскиот народ. Денеска романскиот народ проговори. Време е да се биде силен. Ова се повеќе од избори. Ова е чин на храброст, доверба и солидарност. Ова не е само изборна победа. Ова е победа на романското достоинство“, рече Георге Симион, кандидат за претседател на Романија

Победата на Симион, кого уште го нарекуваат и романскиот Трамп, според политичките аналитичари би можела да ја изолира земјата, да ги наруши приватните инвестиции и да го дестабилизра источното крило на НАТО во услови на тригодишната војна меѓу Русија и Украина. Триесет и осумгодишниот Симион се противи на воената помош за соседна Украина, критичар е Брисел и го поддржува движењето на Трамп.

Неговиот ривал во вториот круг, Дан, пак, не губи надеж за „второто полувреме“ на претседателската трка и покрај двојно помалиот број на гласови што го освои викендот. Гласањето на 18 мај го оцени како битка меѓу прозападната насока на Романија, чиј застапник е, и антизападната.

„Наша задача е да ги убедиме Романците дека на Романија ѝ треба западна насока и на тоа ќе се заснова нашата кампања во наредните две недели. Ги повикувам сите Романци да бидат дел од оваа битка. Убеден сум дека ќе победиме“, порача Никушор Дан, кандидат за претседател на Романија.

Дан се залага за безусловна поддршка на Украина и важи за чесен и некорумпиран политичар. Но, често пати е мета на критики поради ограничените резултати како градоначалник во Букурешт, за каде вели дека сам се бори со влијателната администрација.

Претседателските избори во Романија се одржаа лани во декември. Убедлива победа во првиот круг тогаш однесе Калин Ѓорѓеску, но Уставниот суд ги поништија, со обвинение дека Русија извршила сајбер напади и влијаела врз изботниот резултат преку социјалните мрежи.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦДУ и СПД потпишаа коалициски договор за нова германска влада

Дејан Дејан

Трамп нареди обнова и повторно отворање на затворот Алкатраз

Дејан Дејан

Дизелот поевтинува за денар, бензините за половина денар – нови цени на горивата од полноќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе