Вести Македонија Топ вести

Локални избори по стари или по нови изборни правила?

Неколку месеци пред локалните избори, сè уште не се знае дали ќе се одржат  по стари или по нови изборни правила? Министерот за правда вели дека подготовките за измени на Изборниот законик се почнати, но за овој закон се клучни надворешните фактори. Без поддршка од сите партии, тој не може да биде донесен.

Новите измени нема да ги опфатат старите членови со кои е зголемен потребниот број на гласови за независни кандидатури. И покрај тоа што уставните судии одлучија да ја оценуваат нивната уставност, ќе се чека носењето на дефинитивна одлука.

По критиките од опозицијата дека се доцни со реформските закони, Филков денеска објави дека роковите се исполнети во целост, законите се подготвени или се во финална фаза на усвојување. Незадоволен е од тоа што Филипче не ги повлече Чупеска и Михајлова од работната група што треба да работи на законите од правосудството, но нема да ја опструира нивната работа.

Предлог-законот за Судски совет, кој треба да се донесе до крај на јуни, е готов и е доставен за мислење до Венецијанската комисија. Новина во него е и уредување на постапката за разрешување на претседателот на советот, која ќе може да се поведе на барање на најмалку 4 члена, а за разрешување треба да гласаат најмалку осуммина.

Готови се  и предлог-законите за јавно обвинителство, за платите на јавните обвинители, а при крај се и измените на Кривичниот зкаоник,Закон за кривична постапка, за судска служба, за прекршоци,  како и новиот Кривичен законик што ќе биде испратен на мислење во Европската комисија.

Министерството денеска почна кампања со која ќе се обидат да ја зголемат правната информираност на граѓаните преку јавни настани, работилници и социјалните мрежи.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Од ноќеска нови цени на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе