Вести Македонија Топ вести

За еден ден сменети неколку кадри од клучни раководни позиции во Царинската управа

Првиот човек  на Царинската управа, Стефан Богоев  во едне ден направил промена на повеќе  клучни раководни позиции во институцијата.

Ова за Телма го потрвди директорот Богоев, но не сакаше да коментира, поради кои причини сите тие лица се разрешени  и тоа во еден ден.

Измени се направени на раководната фунцкија на секторот Акцизи, во одделот за акохол, алкохолни пијалоци  и тутунски производи, а промени има и на шефовските позиции на граничниот преминот Блаце, но и на преминот Табановце.

Инаку Стефан Богоев од пред извесно време стана директор на Царинската  управа на местото на Славица Кутиров, која претходно менаџираше со оваа институција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кусурот на Груевски кој преклани се спаси од обвинението за Моќник со измените на Кривичниот законик-Министерот Филков за Антонио Милошоски по критиките во ТОП Тема

Дејан Дејан

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски со критики за министерот за правда кој доаѓа од ЗНАМ- Филков има слаби перформанси

Дејан Дејан

Се излеа Маркова река кај селото Батинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе