Вести Македонија

Сексуалните работнички во потрага по своите права

Со црвени чадори и традиционален марш на меѓународниот ден за стоп на насилството сексуалните работнички излегоа да ги бараат своите права.

Маршот тргна од пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ кон плоштадот „Филип II“

Црвениот чадор е симбол на отпор на насилството врз сексуалните работнички и борбата за нивните човекови права.

Чадорот ја симболизира заштитата на злоупотреба од страна на клиенти и полиција.

само во последните две години имаме документирано 34 случаи на прекршување на нашите права, од кои 20 се за семејно насилство, а 4 случаи на насилство од омраза.-вели сексуална работничка.

 

Сексуалните работнички ги бараат и нивните работнички, социјални и здравствени права. Апелираат до институциите да ги слушнат нивните права и да им помогнат во борбата.

Со текот на годините научивме дека нашата борба треба да ја водиме исправено и горди, да бидеме јасни и видчливи.Затоа денес храбро, силно и гласно го одбележуваме овој важен јубилеј и сите наши успеси кои не мотивираат да бидеме истрајни во борбата против насилството.-додаде сексуалната работничка.

 

Тие велат дека пред 15 години биле застапувани од трети лица, но денес веќе народот сам ги препознава благодарение на традиционалниот марш.

Исто така, велат дека достоинствено ќе продолжат да маршираат низ Скопје секоја година, заедно со голем број сојузници, активисти и поддржувачи со стремеж да продолжат да ги бараат своите права.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе