Излезност во скопските општини е повисока од првиот круг, освен во Сарај. Пресекот во 15 часот покажува дека сега има повисока излезност во Чаир каде има и втор круг за општински градоначалник отколку во Бутел каде се гласа само за град Скопје.
Овие две општини Сарај и Бутел се единствените кои во вториот круг имаат помала излезност во 15 часот отколку пред две недели во првиот круг.
Тенденцијата покажува дека во општините каде се гласа и за општински градоначалник зголемувањето на излезноста во вториот круг е поголема отколку кај оние кои избраа градоначалник на општината во првиот круг.
Најголемо зголемување има во Центар над 7 проценти повеќе отколку во првиот круг, а потоа следува Центар.
Во Сарај излезност е под 16 %, додека во останатите општини е 21,55 % во Шуто Оризаре, додека сите останати се движат од околу 30% одзив до најмногу 38,94% во Карпош.
Во бројките недостасуваат дестина избирачки места во Аеродром и едно во Чаир.
Општина Втор круг (15:00) Прв круг Разлика
Карпош 38,94% 32,43% +6,51%
Центар 37,81% 30,79% +7,02%
Кисела Вода 35,11% 31,62% +3,49%
Аеродром 35,00% 30,73% +4,27%
Ѓорче Петров 33,51% 30,82% +2,69%
Газибаба 30,55% 28,21% +2,34%
Чаир 30,03% 25,58% +4,45%
Бутел 29,79% 30,96% -1,17%
Шуто Оризари 21,55% 19,05% +2,50%
Сарај 15,85% 23,07% -7,22%
Само крај Дрим излегле помалку гласачи во вториот круг, најголема разлика во Кочани и Битола