Македонија Најважни

По одлука на судот во Штип е блокирана сметката на грчката фирма која ја гради штипската болница

Со одлка на судот во Штип е блокирана сметката на грчката фирма која ја гради штипската болница. Ова за Телма го потврдуваат од судот од каде поради тоа што судијката Лилјана Јанкова која ја донела одлуката е на одмор, не откриваат повеќе детали. Во информацијата испратна до Телма се вели:

Од страна на ГТД Бетон АД Штип  – во стечај преку адвокатско друштво Наков и Бошков на ден 20.02.2020 год. била поднесена тужба со предлог за издавање судски платен налог против Интраком Констракшнс – Интеркат Грција, подружница Скопје. Согласно автоматската распределба, предметот бил распореден кај судијата Лилјана Јанкова. Постапувајќи по тужбата,
судијата на ден 25.02.2020 год. донела решение со кое се усвојува предложениот судски платен налог. Решението и тужбата со докази се доставени до тужениот Интраком Констракшнс – Интеркат Грција, подружница Скопје,  по пошта и истите ги примил на ден 28.02.2020 год. Против решението, тужениот не изјавил приговор, ниту жалба и решението станало правосилно на ден 08.03.2020 год, велат од судот.

Спорот меѓу Бетон Штип и грчки Интракат е за долг од околу 2 милиони евра кои според судот грчката фирма како изведувач на проектот и ги должела на Бетон како подизведувач. Откако не биле исплатени, извршител ја блокирал сметката на грчката фирма. Адвокатите на фирмата која го доби тендерот, сега не откриваат детали за спорот бидејќи велат дека имаат обврска за доверливост со нивниот клиент. Со ова сега е неизвесна и доградбата на болницата во Штип. Од Министерството за здравство за сега не откриваат што ќе се случува со понатамошната реализација на овој проект.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Македонската дипломатија полека се празни од амбасадори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе