Меѓу Македонија и Грција нема прашање што не е регулирано со Преспанскиот договор освен трговските марки, додека Договорот со Бугарија се занова на пријателство, што би значело почитување. Ова е ставот на шефот на дипломатиијата, Никола Димитров, за односите со соседите кои повторно влегоа во фокус на јавноста поради предлог-преговарачката рамка од Европската комисија која пред два дена отиде во раце на земјите-членки, а за која и Грција и Бугарија ќе треба да дадат зелено светло.
Односите со Грција деновиве ги разбрануваа објавените доверливи докименти на грчките институциии од кои се гледа дека Атина посакува менување на ознаката за земјата „МКД“ или „МК“ уврдени со Преспанскиот договор, за што Димитров рече дека какво и да е менување на Преспанскиот договор ќе ја наруши неговата тешко постигната рамнотежа. Договорот е задолжителен и за двете страни.
Преспанскиот договор особено за крупните работи се спроведува. Овие работи каде што има можеби некакво застој бараат да се седне и да се разговара, рече Димитров.
За односите со Бугарија тој пак вели дека таму работите ќе се водат така да бидат успешни и во делот на евроинтегрирањето, но и да не може да се отвораат прашања кои се само наша работа, како што е јазикот.
Како и да оди таа работа ќе мора да ја завршиме така што во ЕУ ќе влеземе како Македонци, кои зборуваат на македонски јазик, тоа е наше право, рече Димитров.
Димитров притоа нагласи дека меѓу државите не се признаваат јазиците туку државите и оти на земјава не и треба печат од било која друга држава во однос на македонскиот јазик.
Тамара Грнчароска