Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДМПНЕ со предлог решение за проблемот со енергетиката

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска  достави барање до Собранието за одржување на итна седница на која ќе се разгледува Предлог законот кој го поднеле и се однесува на Законот за енергетика.

Тие по вчерашната прес конференција согледале дека Владата ги препишала предлог мерките што ги понудиле ВМРО-ДМПНЕ и сметаат дека само тоа не е доволно.

Ковачевски  презентираше дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи, но ги изостави водостопанските и комуналните претпријатија кои што поради високите цени на електрична енергија имаат проблеми со ликвидноста што во следниот период може да доведе до повисоки сметки за домаќинствата и стопанството.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат целосно да се прифати нивниот предлог каде тие ги имаат опфатено и водоводните и комунални претпријатија кои што имаат огромни трошоци за електрична енергија.

Од опозицијата посочија дека доколку СДСМ и Ковачевски навистина се грижат за граѓаните и стопанството да го поддржат нивниот Закон за енергетика, а со тоа ќе им се олесни на граѓаните и стопанството да не доаѓа до поскапување на услугите поврзани со водоснабдувањето.

Нивното решение е прво да се изгласаат нивните предлог мерки, а потоа да се разговара за тие предлог мерки што ги слушнале во текот на вчерашниот ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе