Вести Македонија Топ вести

Македонците на антидепресиви и антибиотици – според здравствените власти, потребни се построги правила за рецептите

Построги правила се лекот за огромните бројки на издадени рецепти. Овој став на заменик-министерот за здравство доаѓа откако македонската јавност се изненади од прекумерната употреба на антидепресиви. Дел од фрапантните податоци на Фондот за здравство покажуват дека македонските граѓани купуваат над девет илјади кутии дијазепам дневно. Од Министерството за здравство ги прозиваат матичните лекари, поради случаи на издавање рецепт според желбите на пациентите.

  • Не само за дијазепамот туку и за другите рецепти лично сметам дека се издаваат во преголема бројка. Треба да се направи систем и од Министерството за здравство, меѓутоа и од самите матични лекари. Навистина, треба едно нормално издавање на рецептите. Особено е загрижувачка прекумерната употреба на антибиотиците, вели  Доц. Д-р. Владимир Рендевски – Заменик-министер за здравство

Овој став на заменик-министерот Рендевски тешко дека може да биде најава за суштински промени, сметаат дел од матичните лекари. Велат дека тие најдобро ја знаат состојбата на своите пациенти, па ја имаат и тежината на одлучување за терапијата.

  • Дека некаков тип на законска регулатива ќе се прави или има идеја да се направи мислам дека е невозможно затоа што на крајот сепак останува оценката на самиот лекар дали има или нема потреба да се препише одреден тип на антидепресив, антипсихотик, без разлика за каков тип на лек станува збор. Клиничката слика најдобро ја познава матичниот лекар или специјалистот којшто препишува, односно психијатрите/психолозите., вели  Д-р. Бојан Трајковски – Матичен лекар

Побарувачката за „Дијазепам“ на првиот јунски ден достигна 15 илјади и 700. Последната анализа на Фондот од 2020 година покажува дека биле издадени еден милион и 300 илјади рецепти, односно 450 илјади повеќе од 2014 година.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

„Алчноста ни ги уби децата“ – Нов марш за правда за жртвите во пожарот во Кочани. Семејствата незадоволни од истрагата

Дејан Дејан

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе