Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека по полга нок разговори посредувани од САД, има целосен прекин на огнот мегу Индија и Пакистан воедно и ја поздрави ваквата одлука на социјалната мрежа Truth Social. Се огласи и американскиот државен секретар Марко Рубио кој објави на социјалната мрежа ИКС за оваа одлука за примирје, но воедно и ја поздрави разумноста на премиерите.
Пакистанскиот министер за надворешни работи и потпретседател на владата ја потврди ослуката за примирје. Тој потврди дека Пакистан отсекогаш се стремел кон мир и безбедност во регионот.
Претходно утринава во Индија загинаа пет лица при пакистанскиот напад врз индискиот регион Џаму. Пакистанска армија ја обвини Индија дека извршила ракетни напади врз три воени бази на армијата но прецизираше дека ракетите испукани од Индија не погодиле цели на територијата на Пакистан. Како резултат на нападот, воздушниот простор во Пакистан беше затворен одреден временски перид за сите летови.
Во текот на нокта пак во Кашмир во интензивни воени дејствија загинаа најмалку 11 луѓе.
„Синоќа одеднаш минофрлачка граната го погоди нашето село и ми ја уништи куќата. Ние сме сиромашни луѓе, што е наша вина? Ситуацијата е најлоша за нас. Немам засолниште за моите деца, мојата куќа е целосно уништена… сега каде да одам?“ – вели Гулзар Кан, татко на жена убиена во ноќно гранатирање.
„Синоќа околу 7 часот, индиската армија почна неселективно гранатирање врз локалното население. Поради тоа гранатирање, една жена беше убиена од ова село. Многу други куќи од ова село беа погодени од гранатирањето, а оваа област се евакуира.“ – вели Ахтар Ајуб, спасувач:
Конфликти мегу Индија и Пакистан имало и претходно. Со децении регионот бил центар на тензија и вооружени судири, предизвикани од територијални спорови. Аналитичарите оценуваат дека последниот конфликт беше најобемен судир во последниве неколку децении.
Марија Коцева