Пакистанците излегоа на улиците на Исламабад да слават по почетокот на примирјето мегу Индија и Пакистан.
Жителите на Кашмир исто така прославуваат низ улиците јадејки благо и веејки знамиња, извикувајки ,,Да живее Пакистан’’
Веста за склученото примирје ги израдува и жителите на Индија.
„Според мене, ова е најдобрата одлука на владата за да се воспостави мир и хармонија. И каква и да е штетата и стравот што луѓето ги претрпеле, сега можат да здивнат. И ова е добро и за владата затоа што ако имаше војна, нашата земја ќе се вратеше 10 години назад.“ – вели Пужа Шарма, од Индија.
„Го ценам фактот што претседателот Трамп интервенираше и побара прекин на огнот, што е во интерес на двете нации, не сакаме колатерална штета, животот на цивилите е поважен, но сепак разбираме дека ова не беше од Пакистан, ова беше предизвикано од индиска страна. Пакистанската влада понуди непристрасна истрага, но тие го прекршија договорот.“ – вели Сардар Јасир Иљас од Пакистан.
Министерот на надворешни работи на Индија Вели дека се дадени инструкции од двете страни за да се спроведе ова примирје.
„Генералниот директор за воени операции на Пакистан го повика генералниот директор за воени операции на Индија во 15:35 часот порано попладнево. Меѓу нив беше договорено двете страни да престанат со секаков оган и воени дејствија на копно, воздух и море, почнувајќи од 17:00 часот по индиско стандардно време денес. Дадени се инструкции од двете страни за спроведување на ова разбирање. Генералните директори за воени операции ќе разговараат повторно на 12 мај во 12:00 часот. Ви благодарам.“ – изјави министерот за надворешни работи на Индија Викрам Мисри.
Претходно во текот на денот Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека по долга ноќ разговори посредувани од САД, има целосен прекин на огнот мегу Индија и Пакистан воедно и ја поздрави ваквата одлука на социјалната мрежа Truth Social. Се огласи и американскиот државен секретар Марко Рубио кој објави на социјалната мрежа ИКС за оваа одлука за примирје, но воедно и ја поздрави разумноста на премиерите.
Пакистанскиот министер за надворешни работи и потпретседател на владата ја потврди ослуката за примирје велејќи дека Пакистан отсекогаш се стремел кон мир и безбедност во регионот.
Марија Коцева