Вести Свет Топ вести

Последна миса пред почетокот на конклавата за избор на нов папа

Кардиналите се собраа во Ватикан во базиликата „Свети Петар“  на последната миса пред почетокот на конклавата за избор на нов папа. 91-годишниот Џовани Батиста Ре, претседавачот на Советот на кардинали, кој го предводеше погребот на Франциск пред две недели, денеска ги потсети 133-цата кардинални избирачи на сериозноста на нивната задача.

  • „Молењето, со повикување на Светиот Дух, е единствениот вистински и правилен став што треба да се заземе додека кардиналските избирачи се подготвуваат да преземат чин од највисока човечка и црковна одговорност и да направат избор од исклучително значење. Ова е човечки чин во кој мора да се остави настрана секоја лична грижа, имајќи го во предвид и носејќи го во срцето само Бог Исус Христос и доброто на Црквата и на човештвото“ – Џовани Батиста Ре, претседавач на Советот на кардинали

Подоцна во текот на денот, кардиналите ќе се изолираат во Систинската капела за да почнат да гласаат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама бара нова победа, Бериша сака камбек, Мета од притвор- избори во Албанија, македонскиот кандидат со владеачката коалиција

Дејан Дејан

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Дејан Дејан

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе