Вести Свет Топ вести

Трамп: Победивме во две светски војни, но никогаш не презедовме заслуги како сите други

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека победата во Втората светска војна е постигната исклучиво благодарение на САД.

„Победивме во две светски војни, но никогаш не ги презедовме заслугите за тоа – сите други го прават тоа! Ширум светот, сојузниците ја слават победата што ја имавме во Втората светска војна. Единствената земја што не слави се Соединетите Американски Држави, а победата беше постигната само благодарение на нас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој оцени дека, без САД, исходот на војната би бил поинаков и најави дека ќе прогласи национален празник.

„Без Соединетите Американски Држави, војната ќе ја добиеја други земји, и колку поинаков свет би бил тоа. Затоа, со ова прогласувам национален празник во знак на прослава на победите во Првата светска војна, каде што примирјето беше потпишано на 11 ноември 1918 година, и Втората светска војна, каде што датумот на победата беше 8 мај 1945 година“, наведе американскиот претседател.

Трамп додаде дека земјата нема да биде затворена „за овие два многу важни празници, 11 ноември и 8 мај“ бидејќи веќе има премногу празници во Америка. Наместо тоа, Американците ќе продолжат да работат како и обично.

„Нема доволно денови во годината. Бевме работници тогаш, а работници сме и сега! Документацијата следи. Да ја направиме Америка повторно голема“, порача Трамп.

Американскиот претседател минатата недела го преименува 9 мај (8 мај во САД) во Ден на победата во Втората светска војна од претходното име што се користеше во земјата – Ден на победата во Европа. Покрај тоа, 11 ноември во САД досега беше познат како Ден на ветераните, а Трамп одлучи тој датум отсега да се одбележува како Ден на победата во Првата светска војна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На второто гласање Бундестагот го избра Фридрих Мерц за нов канцелар на Германија

Дејан Дејан

По повеќе од три години преговори Велика Британија и Индија постигнаа трговски договор- царините на британските автомобили ќе се намалат од 100% на 10%

Дејан Дејан

Европскиот фронт „отворен за соработка“ и со Таравари, Филипче немал директни контакти со него – во мај ќе се знае дали Алијанса останува на „Илинденска бр. 2“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе