Вести Свет Топ вести

Ватикан го исклучува телефонскиот сигнал за време на конклавата за избор на нов Папа

Ватикан соопшти дека ќе го прекине телефонскиот сигнал за мобилните телефонски мрежи за време на конклавата за избор на нов Папа. Сигналот повторно ќе биде вклучен по објавување на изборот на Папата, се наведува во соопштението.

Илјадници верници се очекуваат на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, чекајќи го објавувањето на наследникот на папата Франциск, кој почина на 21 април. Вкупно 135 кардинали под 80 години, кои ќе го изберат новиот Папа, пристигнаа во Рим за конклавата што започнува утре, објави Ватикан.

Во среда во 16:30 часот, кардиналите ќе се соберат во Сикстинската капела и ќе започнат со гласање што ќе трае сè додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство и не стане нов лидер на 1,4 милијарди католици во светот, пишуваат француските медиуми.

Светот дознава дека е избран нов Папа, кога службено лице ќе ги запали гласачките ливчиња претходно натопени со специјални хемикалии, а од оџакот на капелата ќе излезе бел чад. Потоа новиот Папа се појавува на балконот и ја благословува толпата на плоштадот пред базиликата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На второто гласање Бундестагот го избра Фридрих Мерц за нов канцелар на Германија

Дејан Дејан

По повеќе од три години преговори Велика Британија и Индија постигнаа трговски договор- царините на британските автомобили ќе се намалат од 100% на 10%

Дејан Дејан

Европскиот фронт „отворен за соработка“ и со Таравари, Филипче немал директни контакти со него – во мај ќе се знае дали Алијанса останува на „Илинденска бр. 2“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе