Вести Свет Топ вести

„Романскиот Трамп“ во убедливо водство – Георге Симион со двојно повеќе гласови во првиот круг на претседателските избори во Романија

Нов, студен туш, за Брисел од Букурешт. Кандидатот на крајнодесничарската Алијанса за обединување на Романците, Ѓорѓе Симион победи во првиот круг на претседателските избори во Романија со 40 отсто добиени гласови. Но, трката за наследник на Клаус Јоханис ќе има и втор круг, закажан на 18 мај. Во него, според последните податоци на Централната изборна комисија ќе учествува и градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, прогресивно-либерален незавизен политичар кој во последен момент го мина кандидатот на владеачката коалиција, Крин Антонеску.

„Денеска гласаше романскиот народ. Денеска романскиот народ проговори. Време е да се биде силен. Ова се повеќе од избори. Ова е чин на храброст, доверба и солидарност. Ова не е само изборна победа. Ова е победа на романското достоинство“, рече Георге Симион, кандидат за претседател на Романија.

Триесет и осумгодишниот Симион се противи на воената помош за соседна Украина, критичар е Брисел и го поддржува движењето на Трамп.

Победата на Симион, кого уште го нарекуваат и романскиот Трамп, според политичките аналитичари би можела да ја изолира земјата, да ги наруши приватните инвестиции и да го дестабилизра источното крило на НАТО во услови на тригодишната војна меѓу Русија и Украина.

„За земјите од западна Европа, во Париз, во Мадрид, во Берлин, резултатот испраќа многу лош сигнал, бидејќи гледаме дека дел од централна и источна Европа има тенденција да се оддалечи од европскиот проект. Можеби ова нема да се случи многу брзо, но јасно е дека 45 до 53% од Романците повеќе не го поддржуваат овој проект“, изјави Андреј Тарану, политички аналитичар.

„Резултатот ми изгледа катастрофален. Педесет и пет проценти од изборната маса гласаа за Русија и ова е катастрофа. Не гледам како Никушор (градоначалник на Букурешт) ќе победи против Симион, кој ги собира гласовите на Калин Георгеску. Тоа значи дека пропагандата од одреден тип била посилна од која било ЕУ“, вели жител на Букурешт.

„Ова е загрижувачки резултат, но се надевам дека ќе биде како повик за будење во последен момент“, изјави Михаела Мину, професорка по економија.

Неговиот ривал во вториот круг, Дан, пак, не губи надеж за „второто полувреме“ на претседателската трка и покрај двојно помалиот број на гласови што го освои викендот. Гласањето на 18 мај го оцени како битка меѓу прозападната насока на Романија, чиј застапник е, и антизападната.

„Наша задача е да ги убедиме Романците дека на Романија ѝ треба западна насока и на тоа ќе се заснова нашата кампања во наредните две недели. Ги повикувам сите Романци да бидат дел од оваа битка. Убеден сум дека ќе победиме“, порача Никушор Дан, кандидат за претседател на Романија.

Дан се залага за безусловна поддршка на Украина и важи за чесен и некорумпиран политичар. Но, често пати е мета на критики поради ограничените резултати како градоначалник во Букурешт, за каде вели дека сам се бори со влијателната администрација.

Претседателските избори во Романија се одржаа лани во декември. Убедлива победа во првиот круг тогаш однесе Калин Ѓорѓеску, но Уставниот суд ги поништија, со обвинение дека Русија извршила сајбер напади и влијаела врз изботниот резултат преку социјалните мрежи.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Арсовски во Топ Тема: Мицковски е комотен, стратегијата ќе ја гради врз основа на исходот од локалните избори

Дејан Дејан

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, разговорите продолжуваат во текот на месецов, велат од владата

Дејан Дејан

(фото)Истрчани 465 км на шестдневна трка – победничка од Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе