Кандидатот на крајната десница, Џорџ Симион, води по првиот круг од претседателските избори во Романија. Тој води со 35 проценти поддршка, а по него следува кандидатот на центристите Крин Антонеску со 22 проценти, покажуваат излезните анкети.
Симион е на чело на Алијанса за унијата на Романците, политичка опција која во последниве години се појави како најгласен противник на естаблишментот во Романија.
Симион се позиционираше како глас на „обичните луѓе“ и остро ги критикува политичките елити, бирократијата на ЕУ, миграциската политика и ЛГБТ правата.
Тој е наречен и „романскиот Трамп“. Во трката меѓу единаесетте кандидати има четворица независни. Граѓаните се револтирани не само поради политичката криза, туку и поради економската нестабилност.