Вести Македонија Топ вести

Инвестициите во науката и образованието се најисплатливи за националната економија

Инвестициите во науката и образованието се долгорочно најисплатливите инвестиции на секоја национална економија. Ова го кажа претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, од позиција на претседател на Одборот за доделување на наградата „ Гоце Делчев“, за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на науката.

Наградата традиционално беше доделена денеска, кога се навршуваат 122 години од смртта на водачот на македонска револуционерна борба и деец, од крајот на 19 и почетокот на 20 век, Ѓорги Делчев- Гоце. Добитници се 16 научни работници, од кои тројца постхумно, од Институтот за македонски јазик „ Крсте Мисирков“ и од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ, за првиот том од „ Македонскиот дијалектен атлас (од ризницата на картотеката -лексички материјали)“, објавен минатата година.

Во услови на евидентни економски тешкотии, ние не смееме да потклекнеме пред проблемите. Зошто, да не заборавиме дека инвестициите во науката и образованието се долгорочно најиплатливите инвестиции на секоја национална економија. Секако не треба да бидат помали и потценети и оние во културата и уметноста, кои придонесуваат за афирмација на нашите корени, на нашата традиција, на нашето име, нашиот јазик, идентитет“ изјави акад. Живко Попов- претседател на Одборот за доделување на наградата „ Гоце Делчев“.

Основач на проектот „ Македонски дијалектен атлас“ е академик Божидар Видоески. Тој го иницирал собирањето дијалектен материјал од 351 населено место. Низ годините биле собрани 3 картотеки со над 2 милиони листови , со податоци за начинот како се зборува македонскиот јазик во различни делови од државата. Од Институтот за македонски јазик, каде се чувале картотеките, рекоа дека материјали биле собрани и од Албанија, но и од Беломорска и Пиринска Македонија, што бил најголем предизвик за нив, а во тоа им помогнале академиците Видоески и Зузана Тополињска.

„Добивањето на ваква престижна награда обврзува да работиме уште посплотено и да покажеме дека тимската работа , поткрепена со индивидуална одговорност е вистинската формула за успех. Не само во Лингвистиката, туку во сите сфери. Само така ќе се завршуваат започнатите проекти, ќе се унапредува науката и ќе постигнеме резултати“ изјави проф. д-р Веселинка Лаброска – Институт за македонски јазик „ Крсте Мисирков“.

Зборовите од нашите убави македонски дијалекти, собрани на терен и сместени во атласот , дополнет со карти, раскажуваат за животот на нашите претци, ја опишуваат убавата македонска традиција и култура, ги именуваат предметите и појавите, така како што оставиле аманет нашите предци и така како што го изградиле јазикот нашите прадедовци. Тој крие огромно духовно богатство, како македонски поглед на светот, дополни Лаброска.

Со изведба на композицијата „ Гоце“ на настанот настапи градскиот мешан хор „ Вардар“ со солистите Марија Наумовска и Дарко Јовановски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кандидатот на крајната десница Џорџ Симион води во првиот круг од претседателските избори во Романија

Дејан Дејан

Нетанјаху најави одмазда на Хутитe откако тие испалија ракета кон израелскиот аеродром

Дејан Дејан

Отсечен прст на киднапиран маж од напаѓачи кои барале неговиот син крипто-милионер да плати откуп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе