Вести Македонија Топ вести

Таравари се поздрави со Мицкоски, но не и со Меџити и Касами

Застанати еден до друг, но сè подалеку политички. Довчерашните коалициони партнери, Таравари, Меџити и Касами, денеска присуствуваа на заеднички настан, стоеја во првиот ред, но меѓусебно се игнорираа.

Покрај Касами, на неофицијалниот список што се споделува во јавноста повторно е и Висар Ганиу  за Чаир. Зад нив е Фатмир Лимани за Кичево, Менди Ќира за Струга, Џемаил Ќупи за Дебар, Абдула Бајрамовски за Долнени, Висар Адеми за Гостивар, Али Синани за Врапчиште, Фатмир Сабриу за Боговиње, Хаким Рамадани за Брвеница, Амир Елези за Теарце, Блерим Сејдиу за Желино и Мухамед Елмази за Сарај. Недостасуваат уште кандидатите за Липково, Арачиново и Студеничани. Но, од партијата тврдат дека ништо од ова не е потврдено, ниту конечно.

Таравари, кој денеска ги одбегна своите довчерашни партнери, вчера во Слупчане насмеано се ракуваше со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Ова поттикна уште повеќе шпекулации за нивната идна соработка на локалните избори.Тој деновиве треба да се сретне и со премиерот, со кого треба да разговараат за неговото понатамошно дејствување, во или надвор од владата.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе