Вести Македонија Топ вести

Притвор за лице кое запалило куќа и стан во Катланово и Скопје

Обвинителството предлага притвор за осомничен за предизвикување општа опасност со пожар. Тој  на 2 мај во утринските часови, во викенд – куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени, со пожар предизвикал значителна опасност за животот на луѓето.

Претходно телефонски и се заканувал на сопругата со која води бракоразводна постапка и на критичниот ден со бензин предизвикал пожар на викенд-куќата. Потоа се упатил кон Скопје и на сличен начин предизвикал пожар пред влезната врата на станот.

Откако ги сторил делата повторно и се јавил на жената и ја известил дека ги запалил двата објекти. Таа јавила на соседи во зградата кои почнале веднаш да го гасат и спречиле пожарот да се прошири кон другите станови од зградата.

Поради тоа што постои реална опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Станува збор за со зетот на сестра на покојниот водител Зоран Василевски, а во куќата живееле нејзините деца, кои не биле таму за време на пожарот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе