Македонија

Родители од четири општини утре во Гевгелија ќе учествуваат на работилница на „Макпетрол“

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“ продолжува со своите активности во Гевгелија. Утре, 29 април, со почеток од 18 часот во Народниот театар во градот, ќе се одржи работилница за родители кои ќе разговараат за проблемот со булингот. Освен граѓани од Гевгелија, на оваа едукативна средба можност за учество ќе имаат и заинтересираните од Валандово, Дојран и од Ново Село. Психологот Деспина Стојановска ќе зборува за врсничкото насилство од стручен аспект, додека настанот ќе го модерира актерот Сашко Коцев.

Во оваа фаза од општествено одговорната кампања, „Макпетрол“ досега организираше 13 работилници наменети за родители. За булингот беше разговарано на средбите во општините Илинден, Бутел и Чучер-Сандево, потоа во Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка. Покрај тоа, работилници се одржаа и во Штип, каде што учествуваа граѓани и од Свети Николе, во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, која беше наменета и за граѓаните од Виница и од Берово.

Главна цел на овие настани е да овозможат едукација за проблемот со булингот, додека родителите имаат прилика да разговараат со психологот, но и да ги споделат своите искуства по ова прашање. Учесници на овие работилници се и претставници на стручните служби на училиштата во општината, кои најдиректно работат со учениците во случаи на врсничко насилство. Организирајќи ги овие средби, „Макпетрол“ креира платформа за јавна комуникација меѓу најзасегнатите страни, а со цел да се подобри ситуацијата со врсничкото насилство.

Во првата фаза од општествено одговорната кампања „Макпетрол“ организираше работилници во повеќе од 150 основни училишта на кои учениците имаа можност од психологот да слушнат како да се справат со булингот, но и да споделат свои гледишта и искуства по ова прашање. Овие едукативни средби се одржаа во основните училишта од 26 општини со кои што компанијата потпиша меморандуми за соработка и кои директно се вклучија со поддршка на кампањата.

Интернет-страницата kreniglas.mk е централна платформа на кампањата на „Макпетрол“. Вебсајтот содржи едукативни материјали кои помагаат во препознавање и постапување во случаи на физичко, вербално, психичко, социјално и сајбер-насилство, кои се најчести форми на булинг. Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, компанијата придонесува да се подобри ситуацијата со булингот во земјава. Значаен дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол“ и во иднина ќе бидат посветен на младите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Скалестите маржи истекуваат во среда, ако цените скокнат маржите ќе се вратат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе