Три нацистички знамиња со свастика се поставени на влез на автопатот во квартот Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска на 20 април, роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата на Стокхолм, Матс Ериксен рече дека е почната истрага за казнено дело од омраза. Ериксен нагласи оти не забележал дека се случуваат такви работи во Шведска, но истакна дека на влезовите на автопатот честопати се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Активистите посебно објавуваат политички пораки, бидејќи сообраќајот на овој дел е густ. Не е добро да се делат вакви пораки“, изјави Ериксен и додаде дека нацистичкото знаме е веројатно поставено по повод роденденот на нацистичкиот диктатор Хитлер.