Четиринаесетгодишник се здобил со тешки повреди по пад од мотор кај новите згради „Атлантис“ во близина на поранешната фабрика „Киро Ќучик“ во Велес.
Момчето, како што пренесува МИА, се здобило со тешки повреди и по укажаната прва помош е однесено во Општата болница во Велес. Според портпаролката на Општата болница, Билјана Босилкова, тој е во стабилна состојба, но поради сериозноста на повредата е препратено на натамошно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.