Вести Македонија

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Миграцијата на цели семејства со деца на училишна возраст и намалениот наталитет,  уште еднаш се потврдија преку најновите податоци на Државниот завод за статистика за бројот на ученици во основните и средните училишта.

Се празнат училишните клупи, а според државна Статистика оваа учебна година во основните училишта се регистрирани 1.500 ученици помалку  од лани или за 0,8 отсто. Во средното образование за разлика од лани има 135 ученици помалку.

 „Причина  е природниот прираст, едно дете малку, две многу, размислуваат младите, потоа иселувањето, миграцијата, дијаспорта како магнет ги привлекува граѓаните од Македонија. Се помалку деца, помалку бракови и иселување“, велат граѓаните.

Се помалку ученици, се повеќе наставници. И покрај тоа што оваа учебна  во основните и средните училишта седат над 1600 ученици помалку од претходната, сепак за истиот период бројот на наставници се зголемил за 649, односно во основното образование сега има 616 наставници повеќе, а во средното 33.

Иако бројот на училиштата се намалува, сепак расте бројот на наставници покажуваат податоците на државна Статистика.

Граѓаните велат дека и образованието е жртва на политичките партии, но државата мора да има јасна стратегија кога станува збор за овој исклучително важен сектор.

„Ги вработуваат по партиска линија, но не се тие виновни, мора некаде да работа“, вели еден граѓанин.

„Политичките партии си се политички партии, но државата мора да има долгорочна  стратегија, колку наставници се потребни, но да се води сметка и за квалитетот“, вели друг граѓанин.

Уште по драматични се бројките во образованието ако се направи анализа за последните 10 години. Бројот на ученици во основното образование е намален за пет проценти, а во средното за речиси 20 проценти или за една декада во училишните клупи  седат над 20 илјади ученици помалку.

Eмилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе