Вести Македонија Топ вести

Потрошувачката кошничка се чека на увид

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Организацијата на потрошувачи сѐ уште ја немаат добиено на увид новата пресметка за потрошувачка кошничка. Од Министерството за економија најавија дека до крајот на неделава ќе го сторат тоа. Од Организацијата на потрошувачи за Телма велат дека кога ќе ја добијат пресметката ќе ја разгледаат, но сметаат дека правото место каде што треба да се одлучува е Економско-социјалниот совет. Тие не се дел од ова тело и нивната улога е заштита на потрошувачите.

Од Економија пред неколку дена соопштија дека до крајот на неделава ќе ја дадат на увид, а до крајот на месецов очекуваат да биде верификувана во рамки на Економско-социјалниот совет.

По изјавите на министерот за економија и министерот за земјоделство со кусо објаснување околу тоа што ќе влегува во пресметката.

„Верувајте, голема е листата. Верувам дека министерството коешто ќе излезе со оваа потрошувачка кошница ќе ги има сите оние производи коишто влегуваат, а пред сѐ се застапени производите коишто се произведуваат во Македонија. Знаете дека одредени производи се со сезонски карактер, така што во периодот на производство ќе бидат вметнати во таа кошничка“, вели Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Она што се знае досега е дека кошничката нема повеќе да се нарекува минимална, туку просечна. Нема да има цигари и алкохол, иако и досега овие производи ССМ не ги пресметуваше во месечната кошничка.

А, нема да има ниту одмор во странство, затоа што се смета за луксуз. Во сегашната на ССМ има вклучено седум дена во Дојран.

Исто така, оваа нова кошничка ќе биде за тричлено семејство, а не за четиричлено. До промена на пресметката доаѓа откако од Владата имаа забелешки дека во неа има спорни производи.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

„Алчноста ни ги уби децата“ – Нов марш за правда за жртвите во пожарот во Кочани. Семејствата незадоволни од истрагата

Дејан Дејан

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе