Палестинците во градовите Кан Јунис и Џабалија во Газа се построија пред камион со вода, држејќи ги контејнерите и кантите, надевајќи се дека ќе ги наполнат со секаква вода што е достапна во услови на тековен сериозен недостиг низ целата територија на малата енклава.
Блокадата за помош во Газа наметната од Израел влезе во седмата недела, при што луѓето и хуманитарните групи известуваат дека помошта во храна и многу потребните резерви се при крај.
Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања, соопшти дека хуманитарците на терен известуваат за пораст на акутна неухранетост.
Поголемиот дел од населението во Газа има пристап до храна само преку помош и добротворни кујни.
Протест во Газа, Палестинци го кренаа својот глас – „Хамас надвор“
Илјадници Палестинци излегоа на протест во Беит Лахиа, Газа, против Хамас и војната со Израел.
Присутните носеа бели знамиња и бараа мир, национално единство и ново палестинско раководство.
Ова е трет ваков протест месецов, а учесниците велат дека „ова е крик за помош“. Сакаме мир. Доста ни е да живееме во страв и да ги закопуваме нашите деца додека некој зборува во наше име, порачаа дел од присутните на протестот“.
Очевидци тврдат дека протестот е еден од најголемите во последните години, и покрај стравот од репресија од страна на Хамас. Некои повикаа и на ослободување на израелските заложници. И покрај присуството на сили блиски до Хамас, засега нема интервенции.
Израел пак, од 18 март ја обнови офанзивата врз малата енклава.