Вести Македонија Топ вести

Зајадливите коментари во „Вреди“ лапсус лингва?!

По јавните препукувања, денеска смирувачки тонови од коалицијата „Вреди„. Четворицата претседатели на партии вечерва ќе седнат на заедничка маса и ќе пробаат да се договорат за настапот на локалните избори. Имаат разбирање и за зајадливите коментари што ги дадоа едни за други.

  • Во психологијата има еден термин, се вика „лапсус лингва“, тоа е кога устата побрзо зборува отколку што мозокот процесуира. Сигурен сум дека тоа му се случи на Касами кога рече дека Алијанса е нула и дека не мислеше ништо лошо. Ние континуирано разговараме и се надевам дека ќе се постигне најдобро можно решение што нема да биде фрустрирачко за никого, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците.

И Касами се надева дека ќе се постигне договор за заеднички настап на изборите затоа што смета дека така ќе добијат најмногу.

  • Има неколку опции, јавноста го знае тоа, но се надевам дека ќе постигнеме договор за заеднички настап, затоа што тоа ќе биде нејдобро за сите, рече Билал Касами, претседател на БЕСА.

Пред неколку дена и Изет Меџити од Демократско движење побара од Таравари да избере страна, порачувајќи му дека не може да биде дел од коалицијата и да преговара со Али Ахмети.

Конфликтот изби околу прераспределбата на добитните градоначалнички и советнички позиции на изборните листи.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе