Вести Македонија Топ вести

Палчо ми рече да ги фрлам лопатите во дол со капини – сведочење на Кешишев за убиството на Вања

Во Кривичниот суд денеска продолжи сведочењето на Влатко Кешишев, еден од обвинетите за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Кешишев ја опиша рутата по која се движеле со Цитроенот и Реното кангу, кога жртвите биле грабнати и убиени.

Тој потврди дека Љупчо Палевски Палчо по убиството на девојчето му рекол да ги фрли лопатите кои ги користеле за копање на дупката на патот кон селото Бразда во еден дол со капини. Кешишев знаел за планот за грабнување и дека станува збор за женска личност, но не знаел која е, ниту видел фотографија до неа. Откако се вратиле во штабот по убиството, тогаш на Фејсбук ја видел сликата на девојчето.

Кешишев сведочеше и дека никогаш не сум слушнал Палевски да разговара со Александар Ѓорчевски, таткото на Вања кој е обвинет дека помогнал во нејзиното грабнување. Тој потврди и дека комуницирале преку мотороли, а по убиството на Вања не знае дали некој од обвинетите се јавил на мајката или на таткото, туку воопшто не зборувале за убиството.

По Кешишев треба да сведочи Ѓорчевски, па потоа и Палевски. Претходно сведочеа и другите обвинети Велибор Манев и Боре Видевски.

Жежовски беше грабнат и убиен на 22 ноември 2023 година, а Ѓорчевска после 5 дена на 27 ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мозочен удар кој довел до срцев застој – Ватикан ги соопшти причините за смртта на папата Франциск

Дејан Дејан

Франциск, папата од народот кој се обиде да ја реформира Римокатоличката црква

Дејан Дејан

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе