Полицијата го најде возачот кој со мотор удри дете и избега во скопски Бутел. Тој наместо да му помогне, избега од местото на настанот. Повреден е ученик на кој му се констатирани телесни повреди во болницата „Свети Наум Охридски”.
Возачот е најден и ќе боде гонет. Настанот се случил на 2 април во 2024 година во 14:05 часот на крстосницата на улиците „Ферид Бајрам“ и „Алпи“ во Скопје, кога мопед удри осумгодишно дете.
Возачот е идентификуван како Ч.Т. (63) од Скопје и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за загрозување на безбедноста на сообраќајот, за безобзирно возење и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.