Стотици луѓе се приведени во новите протести против приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, соопштија денеска властите. Турското Министерство за внатрешни работи на „Икс“ напиша дека 323 лица биле приведени по вчерашниот бран на демонстрации.
Протести се одржаа во Истанбул, Анкара, Измир и други градови, со илјадници учесници и покрај забраните за демонстрации.
Имамоглу, главен политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше приведен во средата.
Судот денеска одреди да остане во притвор до почетокот на судењето.