Вести Македонија Топ вести

Одбележана 153-годишнина од раѓањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележаа 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. По тој повод делегации положија цвеќе во црквата „Св. Спас“, пред споменикот во Градскиот парк во Скопје, како и пред спомен-бистата во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Ново Село.

Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност се одржа во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе положија и се поклонија на гробот, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата Венко Филипче, претставници на Собранието, делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија…

Претседателката Сиљановска Давкова во Штип го посети Универзитетот „Гоце Делчев“, каде положи цвеќе пред споменикот на македонскиот револуционер.

Мицкоски го честиташе денот од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев и посочи дека македонската Влада во иднина треба да има традиција во чествувањето на овој ден, бидејќи, како што рече, Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет.

Лидерот на опозицијата Филипче денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје, каде се одбележа централното чествување по повод одбележувањето на 153 години од неговото раѓање. Филипче при тоа нагласи дека во борбата на нашиот најголем борец, револуционер и визионер Делчев се вградени сите социјалдемократски вредности.

Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од Арбер Адеми денеска положи цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 4 Февруари, оддавајќи почит кон неговото историско дело и наследство. Визијата на Гоце Делчев, порача Арбер Адеми, остави траен белег и идејата на делчевизмот е идeологија која денес е понеопходна од кога било.

Oфицијални делегации на Левица, положија цвеќе во Скопје и Штип во чест на 153 години од раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба – Гоце Делчев.

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Гаши ја свикал мојата комисија за надзор на тајните служби иако сум на боледување после операција”- тврди пратеникот Скендер Зејд Реџепи

Дејан Дејан

Притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, синот на пратеникот Јахоски доби куќен притвор- судот определи мерки за 11 уапсени во истрагата за злоупотреби со набавки на мазут за ТЕЦ Неготино

Дејан Дејан

„Украина е подготвена за мир“, Зеленски прифати 30-дневен прекин на огнот – „топката сега е на теренот на Русија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе