Вести Македонија Топ вести

Затворени два приватни Института во Скопје, се прави ревизија на уште три

Два приватни Институтa во Скопје се затворени по направената ревизија од страна на Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Од Министерството за образование и наука (МОН) за Телма потврдуваат дека станува збор за Институт за бизнис и економија и Самостојна висока стручна школа за мода Фешн дизајн Институт. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска од Штип најави дека во моментов се прави и ревизија на уште три институти.

Просветните инспекторати ги чешлаат и универзитети, без разлика дали се приватни и државни. Министерката, Јаневска вели дека веќе се постапува со наплата на казни на рецензенски комисии, декани и ректори.

Инспекторите досега имаа утврдено нерегуларности  на тетовскиот Универзитет, на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и на универзитетот во Струга. Во Струга се затвори насоката за медицински науки, инспекторите на Тетовскиот Универзитет при надзорот утврдиле и дека има и нелегален избор на двајца наставници. Министерката за образование и наука денеска од Штип најави дека во земјава ќе има осум регионални средни стручни училишта, меѓу кои и штипското електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе