Во процесот на евроинтеграција е исклучително важно да се подигне свеста за регулирањето на авторските и сродни права, велат организаторите на дводневната конференција каде земјите од регионот ги споделија своите искуства за авторските права на актерите од Западен Балкан. Според првиот човек на Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права, Ѓозев веќе години наназад состојбата со авторските права во Македонија е „лет во место“’:
Закон постои има активни две здруженија кои се основани и имаат добиено дозвола за заштита на тие авторски права меѓутоа само едно функвионира, а другото кое е за аудиовизуелниот дел неколку години тапка во место со неодобрување на тарифата. Комисијата за посредување во авторско и сродно право долго време не беше во полн состав, минатата година се екипираше си ја заврши својата работа и сега останува да го испочитува рокот согласно Законот изјави Кирил Ѓозев, генерален секретар на АЗАС.
Според Ѓозев доколку се има предвид дека преку една груба проценка со нерегулирањето на овој закон се губат 5000 евра на ден, средствата со кои и државата би имала корист.
Кога ќе се донесе и изгласа овој Закон практично ќе имаат не само актерите туку целокупниот сектор во однос на филмската, театарската уметност и сите оние кои се вклучени изјави Гораст Цветковски, актер
Тоа се средства кои практично сега се губат во небиднина , во лимбо стојат и никој нема полза од тоа.
Законот за авторски права не е само правна рамка. Тој е чуварот на креативноста, заштитникот на оние кои вдахнуваат живот во нашите култури, забележа министерот Муртезани.
Денеска стоиме на крстопат. Спроведувањето на правото на ЕУ поврзано со Законот за авторски права не е само обврска; тоа е можност да ја потврдиме нашата посветеност кон нашите уметници, кон нашите изведувачи и кон иднината на нашите креативни индустрии. Тоа е потврда дека Западен Балкан е подготвен да ги заштити луѓето кои ги полнат нашите екрани, нашите сцени и нашите срца со својата работа изјави Орхан Муртезани, Министер за европски прашања
Станува збор за исклучително сензитивна тема каде правилата на игра мора да бидат јасни и да постојат неопходните ресурси во надлежните институции за спроведување на овој закон, забележа Марија Канелопулу, раководителка на сектор при Делегацијата на ЕУ во земјава. Со спроведувањето на Законот за авторски и сродни права ќе се заштитат поголемиот дел македонски автори, продуценти и изведувачи, со што ќе се обезбеди транспарентно, брзо и ефикасно распределување на нивните колективни права.
Нина Стефанова
