Вести Македонија Топ вести

Груби на брифинг со новинарите – може да се увезува работна сила и од странство за автопатите,  договорот со „Бехтел и Енка“ нема да се објави зашто е државна тајна

Првиот вицепремиер и координатор на изградбата на коридорите 8 и 10д на денешниот брифинг со новинарите информираше дека договорот со компанијата „Бехтел и Енка“, која треба да ги гради автопатите нема да биде објавен во јавност, затоа што е класифициран како бизнис тајна.

Тој тврди дека доколку се изгласаат измените на законите кои се однесуваат на изградбата на автопатите, таа ќе трае пократко и ќе чини помалку а во спротивно ќе чини повеќе и ќе се гради подолг период.

Бројни реакции од синдикатите и политичките партии предизвика и овозможувањето на 60 часовна работна недела за работниците кои ќе ги градат автопатите, иако таквото решение е противуставно.

Груби тврди дека секаде има исклучоци а доколку нема доволно работна сила, таа ќе се увезува од странство и никој нема да ги тера нашите работници да работат со сила.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе