Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Половичен резултат – исполнети само два од пет реформски чекори

Два од пет. Вака со спотрски речник може да се опише напредокот на Македонија во спроведување на реформите од Планот за раст за обврските што требаше да бидат исполнети заклучно со декември лани. За ова, земјата ќе добие осум и пол милиони евра.

Ако во рокот ги завршеше сите пет чекори, ќе можеше да смета на двојно повеќе, односно на 17 милиони евра. Парите не се изгубени, но обврските околу реформите ќе се зголемуваат.

  • „Тоа значи дека овие средства не се изгубени знаеме дека ако ја погледнеме проценката на комисијата некаде нашите институции процениле делумно ги исполниле, со што комисијата не се сложува, односно цени дека не се исполнети трите реформски чекори, меѓутоа им дава можност дополнително во наредните две да бидат исполнети, но тоа значи дека нашите обврски ќе се акумулираат“, вели Симонида Кацарска, извршна директорка на ЕПИ.

Во зададениот рок завршени се измените на Законот за трговски друштва со кои се предвидува назначување на независни членови на одбори на трговски друштва во државна сопственост, обврска на Министерството за економија, како и Законот за внатрешна контрола на јавните финансии, обврска на Министерството за финансии.

Како неуспешно спроведени се оценети реформите на Министерство за финансии за донесување на 17 подзаконски акти предвидени во Законот за буџетите и Патоказот за праведна транзиција од Министерството за енергетика, но и пополнувањето на празните места на судии и обвинетели, за што одговорен ресор е Министерството за правда.

За реформската агенда и придвижување на европските интеграции премиерот денес разговараше со министрите.

  • „Правиме реформи и се бориме за напредок на секое поле, но не смее да биде игнорирана реформската агенда“, напиша на Фексбук Христијан Мицкоски, премиер на РС Македонија.

Прашана за ова Кацарска за ова вели: „Би сакала реформската агенда да биде во првиот дел на реченицата, поради тоа што тие активности се важни за нас сме се обврзале на истите на веројатно би требало во секој случај да биде повисоко на агендата на Владата па се надеваме дека ова ќе биде прв чекор“.

Кацарска сугерира и дека  роковите околу реформите од Планот за раст треба да се сфатат многу посериозно.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните плаќа данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“

Дејан Дејан

Мицкоски: Поддржувам анкетна расправа за Кочани, но ќе зборуваме и за сите останати големи трагедии што нѝ се случија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе