Тоа што е договорено е договорено и треба да се испорача, но треба и да се убеди Македонија дека нема да има нови барања. Ова е пораката која претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја испрати до Скопје, но и до Софија по средбата која синоќа ја имаше со бугарскиот премиер, Росен Жељазков, при што рече дека ја разбира фрустрацијата од македонската страна од долгото чекање на членство, но оти условите одобрени за Македонија од страна на Европскиот совет во 2022 година, остануваат.
- „Она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорни и тие треба да испорачаат. Но истовремено многу е важно да се гради доверба и да се увери Северна Македонија дека она што го бараме сега, не е нешто што го бараме сега и чекаме потоа да побараме да направат повеќе“, рече Кошта.
Кошта притоа рече дека тој лично е многу ангажиран во процесот за придвижување на пристапувањето на Македонија во ЕУ, најавувајќи средби со претставниците на двете земји по завршување на изборите во земјава.
Тој побара од двете влади да работат на градење меѓусебна доверба, пред се со работа на конкретни прашања кои ќе ги подобрат врските меѓу двете земји, нивните еконимии и луѓе.
Жељазков ставот за Македонија го кажа уште во воведното обраќање на прс-конференцијата со Кошта, велејќи дека позициијата на Бугарија останува непоменета, почитувањ на правата на Бугарите во земјава, вклучително и нивно впишување во Уставот.
- „Единствениот пат напред е целосно исполнувањето на договореното со консензус во Европскиот совет од 2022 година, без можност за некаква ревизија“, рече Жељазков.
Жељазков одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го објаснува новото агресивно и негативно однесување од Македонија, рече дека Бугарија досега не им дала основ на македонските власти да тврдат дека постои бугарски диктат во пристапниот процес на Македонија.
- „Спротивно на тоа. Ние со одлука на Собранието од оваа година ја потврдивме нашата позиција и изрично кажавме дека ние нема да поставуваме нови нови барања за обврски кон нашите соседи“, рече Жељазков.
Жељазков го повтори ставот на бугарската влада дека е неоправдана и непотребна иницијативата, поднесена до Уставниот суда на Македонија, за преиспитување на уставноста на Протоколот од Договорот за добрососедство, кој е дел, како што рече, и од консензусот на ЕУ за Македонија од 2022 година.
Тамара Грнчароска
