Uncategorized Вести Македонија

Зеле 300 илјади евра за долг од 30 000- за изнуда уапсен арачиновецот Шенол Маслани кој лани беше амнестиран од претседателката Силјановска

Во акцијата на полицијата во рамки на продолжение на операцијата “Бункер” уапсен е Ш.М. од Арачиново додека примал 2000 евра како рата од стар долг, соопшти МВР. Апсењето е изведено во кафе бар на бензинска пумпа во Куманово, а парите биле обележани.

Уапсениот е всушност Шенол Маслани, брат на обвинетиот Шенки Версаќе кој пак е дел пд кланот Беланоца. Сега уапсениот Маслани лани беше празнично амнестиран од претседателката Гордана Силјановска Давкова за 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Тогаш 6-месечната затворска казна за насилство му беше заменета со условна казна, а Силјановска тврдеше дека помилувањето е направено по предлог на комисијата која потоа си поднесе оставка.

Маслани беше уапсен вчера во Куманово, а полицијата соопшти дека заедно со еден од своите браќа (во бегство) изнудил 300 илјади евра за долг од кумановец музичар земен пред 8 години. Жртвата зела 30 илјади евра, но со години плаќал месечна камата од 16%.

Во продолжение, соопштението на МВР и текст за судењето на кланот Барон/Беланоца:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик.

Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз неговиот и животот на неговата фамилија, со што прибавиле противправна имотна корист во вредност од 300.000 евра.

Во наведениот временски период оштетениот од Ш.М. земал 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра.

На 04.08.2025, врз основа на претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, тие се сретнале во кафе бар во склоп на бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал на Ш.М. 2000 евра, по што Ш.М. е лишен од слобода, а при извршен преглед на лицето, кај него се пронајдени парите.

Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во куќа каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., при што е пронајдена документација поврзана со кривичното дело.

За во септември одложено судењето за Беланоца/Барон

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните ќе плаќаат данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“кои се над 22 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе