Вести Свет Топ вести

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Повеќе експлозии се слушнаа во Кашмир, неколку часа откако Индија и Пакистан склучија примирје. Индија го обвинува Пакистан за повеќекратко кршење на договорот и го повикува Пакистан  да се преземат чекори за да се реши ситуацијата.

Претходно пакистанците излегоа на улиците на Исламабад да слават по почетокот на примирјето мегу Индија и Пакистан.

Жителите на Кашмир исто така прославуваат низ улиците јадејки благо и веејки знамиња, извикувајки ,,Да живее Пакистан’’.

Веста за склученото примирје ги израдува и жителите на Индија.

„Според мене, ова е најдобрата одлука на владата за да се воспостави мир и хармонија. И каква и да е штетата и стравот што луѓето ги претрпеле, сега можат да здивнат. И ова е добро и за владата затоа што ако имаше војна, нашата земја ќе се вратеше 10 години назад.“ – вели Пуџа Шарма од ИНДИЈА

„Го ценам фактот што претседателот Трамп интервенираше и побара прекин на огнот, што е во интерес на двете нации, не сакаме колатерална штета, животот на цивилите е поважен, но сепак разбираме дека ова не беше од Пакистан, ова беше предизвикано од индиска страна. Пакистанската влада понуди непристрасна истрага, но тие го прекршија договорот.“ – вели Сардар Јасир Иљас од Пакистан.

Претходно во текот на денот Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека по полга нок разговори посредувани од САД, има целосен прекин на огнот мегу Индија и Пакистан воедно и  ја поздрави ваквата одлука на социјалната мрежа Truth Social. Се огласи и  американскиот државен секретар Марко Рубио кој објави на социјалната мрежа ИКС за оваа одлука за примирје, но воедно и ја поздрави разумноста на премиерите.

Пакистанскиот министер за надворешни работи и потпретседател на владата ја потврди ослуката за примирје велејќи дека Пакистан отсекогаш се стремел кон мир и безбедност во регионот.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе