Вести Македонија Топ вести

Радиоактивното зрачење на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола не е многу поголемо од дозволените граници

Радиоактивното зрачење на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола не е многу поголемо  од дозволените граници, вели директорот на Дирекцијата за  радијациона сигурност, Зоран Бајовски, одговарајќи на прашањето дали и колку е радиоактивен километарскиот облак од непокриена  пепел што ветрот ја  разнесуваше  низ Пелагонија изминатиот период.

„Македонија нема нуклеарна централа, но не е имуна на природниот фон на зрачење. За РЕК Битола тој фон  не е многу поголем од дозволените граници. Извршено е  мерење и во 2024 година и сега има вонредено мерење  од техничките сервиси и не е многу поголем од дозволениот фон на зрачење“, изјава Зоран Бајовски, директор на Дирекција за радијациона сигурност.

Колку оваа радиоактивност е штетна за вработените на одлагалиштето во РЕК  кои секојдневно се изложени, Бајовски вели дека се вршат мерења, не само во индустријата туку и во здравствениот сектор.

Сите работници кои се професионално изложени носат лични  дозиметри. Тие се отчитуваат на месечно ниво  и извештаите доколку ги надминат дозволените граници, ги добиваме ние. Дозволените граници се до  0,9 микросиверти  и во здравство и во индустрија, вели Бајовски.

Од РЕК Битола пак инфомираа   дека немало загадување со ПМ 10 честички ниту кога на одлагалиштето имаше  поголеми количини непокриена пепел, ниту потоа. Ова го покажало мерењето на акредитирана лабораторија, затоа што  немаат мерна станица на таа локација.

„Согласно добиените податоци, констатирано е дека во испитуваниот период не е надмината 24-часовната гранична вредност за заштита на човековото здравје за концентрацијата на суспендирани цврсти честички  PM10“ , соопштија од РЕК Битола.

Инаку битолското Обвинителство истражува зошто огромни количини пепел со месеци останаа  непокриени  на одлагалиштето во дали  тоа предизвика  загадување на животната средина. Во меѓувреме,  Дражавните електрани ја нудат   лебдечката пепел како градежен материјал.  Минатата година ЕСМ го раскина договорот со Цементарницата УСЈЕ, како што велат поради непочитување на одредбите,  а сега објави нов оглас за продажба на овој отпаден материјал кој се добива од согорувањето на јагленот при процесот на производство на струја во РЕК Битола.

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јахоски излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети

Дејан Дејан

На второто гласање Бундестагот го избра Фридрих Мерц за нов канцелар на Германија

Дејан Дејан

По повеќе од три години преговори Велика Британија и Индија постигнаа трговски договор- царините на британските автомобили ќе се намалат од 100% на 10%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе