Десничарската партија Алтернатива за Германија го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за нов канцелар на земјата во првиот круг гласање во парламентот…
Ко-лидерката на АфД, Алис Вајдел, рече дека резултатот, според кој на Мерц му недостигаа шест гласа од потребното апсолутно мнозинство, ја покажал „слабата основа“ врз која е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.
Првиот секретар на парламентарната група на АфД, Бернд Бауман, порача дека Мерц „ја плати цената за сите негови сплетки во пресрет на изборите, за досега невидената монструозна изборна измама“. Според Бауман, вториот круг на гласање најверојатно ќе биде закажан за среда.
АфД е најголемата опозициска партија, откако заврши на второ место зад демохристијаните на Мерц на предвремените избори во февруари.