Вести Свет Топ вести

Отсечен прст на киднапиран маж од напаѓачи кои барале неговиот син крипто-милионер да плати откуп

Француската полиција истражува серија киднапирања на инвеститори поврзани со криптовалути откако на 60 годишен маж му е отсечен прст од напаѓачи кои барале неговиот син крипто-милионер да плати откуп.

Човекот поседувал компанија за маркетинг на криптовалути со својот син. Јавно не е идентификуван. Киднапирањето се случило сред бел ден во четврток наутро  додека одел по улица во 14-тиот арондисман на Париз. Одејќи низ улицата четири мажи со скијачки маски го опколиле и натерале да влезе во комбе за достава.Тој бил однесен јужно од Париз и бил држен повеќе од два дена. Едниот прст на човекот бил отсечен, а истражителите стравуваат дека можело да се случат понатамошни осакатувања доколку не бил спасен.

Тој бил ослободен од вооружена полиција во саботата навечер во 21 часот од куќа 20 км јужно од Париз, во областа Есон. Петмина се осомничени на возраст од 20 години кои биле уапсени во куќата.

Државниот обвинител во соопштението изјави: „Жртвата се чини дека е татко на човек кој го стекнал своето богатство со криптовалути, а кривичното дело вклучува барање откуп за негово ослободување.“

Сопругата на жртвата им кажала на истражителите дека нејзиниот сопруг и богат син, кои двајцата поседувале фирма за крипто маркетинг на Малта, во минатото добивале закани, соопшти полициски извор.

„Ле Паризиен“ објави дека напаѓачите барале откуп од пет до седум милиони евра (4-6 милиони фунти), кој не бил платен. Петмината осомничени за киднапирање, на возраст меѓу 20 и 27 години, кои сè уште се  испрашувани од страна на полицијата. Овој случај е еден од низата киднапирања на личности кои се бават со криптовалути во Франција и соседните земји.

Дејвид Баланд, коосновач на крипто фирмата „Леџер“, која се проценува на повеќе од 1 милијарда долари, беше киднапиран со својот партнер на 21 јануари во нивниот дом во Меро, во близина на Бурж во централна Франција. Исто така, му беше отсечен и прстот.

Напаѓачите пристигнале во куќата на Баланд во раните утрински часови, земајќи го него и неговиот партнер и разделувајќи ги. Баланд бил однесен во куќа во градот Шатору, каде што му бил отсечен еден прст. Полицијата била контактирана од деловниот партнер на Баланд, кој добил видео од прстот заедно со барање за голем откуп во криптовалута, од околу 10 милиони евра. Баланд бил ослободен во полициска рација набргу потоа. Неговиот партнер бил пронајден врзан во багажникот на автомобил на паркинг во областа Есон јужно од Париз следниот ден.

Девет осомничени се под кривична истрага во тој случај, вклучувајќи го и наводниот 26 годишен водач кој има полициско досие за претходно киднапирање.

Во декември 2024 година, 56-годишниот татко на француски влијателен човек за криптовалути со седиште во Дубаи, бил мета на наводно киднапирање во источна Франција. Напаѓачите тогаш пристигнале во домот на човекот, ги врзале неговата сопруга и ќерка и го натерале да влезе во автомобил.

Синот на човекот, кој е инфлуенсер, добил барање за откуп и контактирал со полицијата. Двете жени потоа биле брзо ослободени. Таткото бил пронајден дури 24 часа подоцна во багажникот на автомобил во Нормандија, врзан и покажувајќи знаци на физичко насилство, полиен со бензин.

Други киднапирања на луѓе поврзани со криптовалути и нивни партнери биле пријавени во Шпанија и Белгија во последните пет месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кандидатот на крајната десница Џорџ Симион води во првиот круг од претседателските избори во Романија

Дејан Дејан

Нетанјаху најави одмазда на Хутитe откако тие испалија ракета кон израелскиот аеродром

Дејан Дејан

Мотоциклист загина на патот Дебар – Струга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе