Јавното обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство, и против уште едно лице за помагање.
Осомничениот за убиството во домот во скопската населба Шуто Оризари, нанесувајќи и повреди со нож ја убил својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница, а делото го извршил во присуство на петгодишната ќерка.
Вториот осомничен му дал друга облека и му овозможил превоз со автомобил до граничниот премин Табановце, каде го приведе полицијата. Обвинителството за двајцата бара притвор.
Лицето вчера беше уапсено на граничниот премин „Табановце“ во обид да избега откако претходно го извршил делото.
Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата