Вести Македонија Топ вести

Парламентарни избори во Австралија

Во Австралија започнаа парламентарните избори, на кои, според анкетите, би можела да победи Лабуристичката партија на премиерот Ентони Албанезе. Од вкупно 18 милиони луѓе со право на глас, осум милиони веќе гласале за тоа кој ќе ги пополни сите 150 места во Долниот дом и 40 од 76-те места во Сенатот.

На изборите, актуелниот премиер Ентони Албанезе и неговата централно-левичарска Лабуристичка партија се соочуваат со лидерот на опозициската коалиција, Питер Датон, од конзервативната Либерална партија.
Анкета објавена во петокот од „The Australian“ покажува дека Лабуристичката партија води со 52,5 проценти пред либерално-националистичката коалиција, која има поддршка од 47,5 проценти.

Трошоците за живот се клучно изборно прашање –  Албанезе вети посилна здравствена заштита, поевтина грижа за децата и пониски сметки за струја, додека Датон вети намалување на даноците, бирократијата и миграцијата.

Албанезе е премиер од 2022 година, кога го замени Скот Морисон и коалицијата предводена од Либералната партија. Според анкетите на јавното мислење, Лабуристичката партија е во водство, објавуваат австралиските медиуми.

Гласачките места се затвораат во 18 часот, а резултатите се очекуваат во текот на вечерта. Гласањето е задолжително во Австралија, а изборите се одржуваат на секои три години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе