Вести Македонија Топ вести

(ФОТО) Гужвите продолжуваат и денес – на „Богородица“ и „Блаце“ се чека дури и по еден час за премин на границата

Спојување на празникот 1 Мај со деновите од викенд се случи и оваа година. За продолжениот викенд многумина од македонските граѓани се одлучуваат ова време да го поминат надвор од државата.

Најмногу колони на возила се забележуваат на граничните премини „Богородица“ и „Блаце“ каде луѓето во своите автомобили чекаат 30 минути до еден час. На „Ќафасан“ и „Меџитлија“ има забележително помала гужва, но и таму движењето е отежнато.

На последната патарина кај  Гостивар еднокилометарска колона на возила,  додека кај семафарот гужвата на возила се зголемува, а полициски службеник е на терен и го регулира сообраќајот.

Вчера на граничните премини за излез од државата се чекаше 15 минути, додека за влез во соседните земји особено на граничниот премин „Богородица“ патниците чекаа и по половина час.

(ФОТО) Повторно долги колони на граница со Грција- се чека по половина час

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата за тврдењето на СДСМ: Не се ручеци на министри туку услуги за вработени во бифеа

Дејан Дејан

Скопје од плановите на Кензо Танге, ората на Танец и владина делегација на ЕКСПО 2025 во Јапонија

Дејан Дејан

(Видео)Првомајски протести и во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе