Вести Македонија

Судскиот совет  ја прифати претставката на дописничката на Телма од Битола откако судијка не дозволи влез на новинари на рочиште за бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

„Да се почитува присуството на новинарите во судница“- Судскиот совет  ја прифати претставката на Емилија Мисирлиевски, дописничката на Телма од Битола.

„Претставката треба да биде порака до сите судии да го почитуваат присуството на јавноста и новинарите на судските рочишта“.  Вака судијата известител Антоанета Петровска, ја образложи одлуката на Судскиот совет да ја прифати како основана претставката на дописничката на ТВ Телма од Битола, Емилија Мисирлиевски, против судијката од битолскиот Основен суд, Цветанка Никодиновска, која на 5-ти ноември лани, не ѝ дозволи на екипата на ТВ Телма да го снима судскиот процес против Љупчо Георгиевски, поранешен претседател на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, иако Телевизијата имаше обезбедено акредитација од Врховниот суд на РМ.

-Како одговор на претставката судијата наведува дека точно е дека од Врховниот суд имало одобрение за снимање и фотографирање на судскиот процес, но судското рочиште секако ќе било одложено, бидејќи требало да му врачи решение за казнување на бранителот, па од тие причини не дозволила снимање. Не може судијата без оправдани причини да отстрани новинар и снимател, правило е дека сe дозволува снимање, но, исклучокот, доколку постојат причини, треба да биде јасно и гласно образложен. Ниту судијата дала образложение, ниту од доказите произлегува такво нешто. Оваа претставка е целосно основана и треба да биде порака за другите судии дека мора да се почитуваат правилата за присуството на јавноста и на новинарите на судските рочишта, рече судијката Антоанета Димовска, член на Судскиот совет

Во расправата по претставката, членот на Судскиот Совет, Весна Дамева, рече дека ќе нема вакви претставки кога сите судии ќе прифатат да ја почитуваат работата на новинарите.

-Апсолутно се согласувам со предлогот да се изгласа како основана оваа претставка, затоа што новинарите си ја работат својата работа. Ниту судот, ниту било кој друг смее да ја попречи нивната работа. Ние сите треба да ги почитуваме новинарите и да не ги попречуваме во вршењето на нивната работа, рече  Дамева.

Судскиот совет во образложението на претставката меѓу другото наведува дека ваквото постапување на судијата Цветанка Никодиноска ќе го има предвид при понатамошното нејзино оценување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Од ноќеска нови цени на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе