Ден по првостепената пресуда со која доби три и пол години затвор за бесправно градење и злоупотреба на службената положба, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски дообјаснуваше дека бараките во која е сместена Општината се времени објекти, а не дивоградби.
Обвини и дека еден од клучните докази против него е направен фалсификат во финансиска полиција кој не му бил даден за да се вештачи. Најави и кривична пријава.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.